Гал Гадот: Срцето ми се крши, мојата земја е во војна

од Vladimir Zorba
426 прегледи

Актерката Гал Гадот проговори за вооружениот конфликт меѓу Израел и Хамас, кој трае веќе неколку дена. Sвездата на филмот „Чудесна жена“ реагираше на социјалните мрежи и потенцираше дека срцето и се крши поради сè.

– Срцето ми се крши. Мојата земја е во војна. Јас сум загрижена за моето семејство, пријателите, моите луѓе. Ова е опасен циклус кој трае предолго. Израел заслужува да биде слободна и безбедна држава и нашите соседи го заслужуваат истото – напиша актерката и додаде:

– Се молам да престане ова непријателство и нашите лидери да најдат решение за да можеме да живееме мирно едни покрај други – напиша Гал Гадот.

Еве го нејзиниот пост:

Слични содржини