(ГАЛЕРИЈА) Таван од милиони: Во живеалиштето на Александер Ванг

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Александер Ванг живее во центарот на Трајбека – кварт во западниот, долен дел на Менхетен, Њујорк.353e5e5a14e8268f86ad22959ccf9703

Модниот дизајнер живее огромна мансарда, што се проценува на 3,75 милиони долари и неодамна тој ја објавил во продажба.

Александер живее тука веќе шест години, а го купува станот во 2010-та за 2 милиони долари од позната американска писателка.

Природно, внатрешноста на домот на Ванг може да се опише со зборот “минималистички шик”, слично на модата, која тој ја прави.

Црната боја доминира доста во декорот на станот и генерално тоа има прилично драматична визија на прв поглед.

Станот може да се пофали со отворена површина и високи тавани, а има една спална соба и две купатила, а неговата површина е од скромните за состојбата на Ванг – 200 квадратни метри.

Самата зграда во која се наоѓа таванот, е изградена во 1866 година.

Видете го станот на познатиот дизајнер во галеријата.