Галант до Блинкен: Израел ќе го победи Хамас без разлика колку време ќе му биде потребно

од Radmila Tasevska

Израелкиот министер за одбрана Јоав Галант на денешната средба во Тел Авив му соопшти на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека на Израел ќе победи во војната во Газа против Хамас без разлика на тоа колку време ќе му биде потребно, пренесе „Тајмс оф Израел“.

-Ќе се бориме со Хамас додека не победиме – без разлика колку време ќе е потребно, изјави тој, истовремено благодарејќи им на Блинкен и на американскиот претседател Џо Бајден за нивната поддршка.

„Ќе ја продолжиме оваа војна додека не победиме, не ја победиме организацијата Хамас, не ја лишиме од нејзините управувачки и воени способности и не ги вратиме сите заложници“, додаде Галант, пренесен од израелскиот портал.

-Знаеме дека во однос на целите на операцијата, ние сме обединети со САД и навистина го цениме тоа, рече израелскиот министер за одбрана.

Слични содржини