Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските одбранбени сили постигнуваат „значајни“ резултати за време на копнената операција во Појасот Газа, но оти исто така „плаќаат висока цена“.
– Распоредуваме сили во голем обем, длабоко во Појасот, им рече Галант на војниците од елитните воздухопловни единици Шалдаг.
– Има битки против силите што дејствуваат во Газа и резултатите и достигнувањата на бојното поле се многу високи. За жал, во војната има и цени, а тие во последниот ден беа високи цени, рече Галант.
Сепак тој додаде дека и покрај се, ИДФ се решени да продолжат и да победат.
ИФД соопштија дека двајца војници биле убиени, а двајца тешко повредени во денешните жестоки борби во Газа и оти биле убиени „многубројни“ терористи.