Ако ви претстои патување во странство оваа пролет, размислете да посетите некоја од најпознатите бајковидни градини во Европа или пак на континентот на кој планирате да одите.
Една од овие градини се наоѓа, се разбира во Холандија, во близина на градот Лисе, и се вика “Keukenhof Gardens”. Во неа можете да уживате во огромна количина на прекрасната холандски лалиња, како и на различни сорти нарциси и зумбули.
Во градината цветаат над 7 милиони цвеќиња, а 4,5 милиони од нив се лалиња и тие се во сите бои на виножитото.
Ова ја прави оваа градина најголемата цветна градина во светот. Таа се протега на 80 хектари и всушност некогаш била ловен парк на прекрасниот дворец од 17 век “Castle Keukenhof”.
Најразумно би било да ја посетите оваа градина до кон средината на мај месец, за да можете да ја видите во целост нејзината брилијантност.
Видете и некои од другите најубавите градини во светот во нашата галерија!
Градините на Версај
Тие можеби се едни од најпознатите во светот, но вистината е дека пејзажот им е беспрекорен и се простира на речиси 2.000 хектари. Во градините има фонтани, летниковци и патеки кои создаваат една уникатна атмосфера. Меѓу пролетните цвеќиња во градините се зумбули, лилјани, јасмини и нарциси, кои се засадени во сложени и сценски обрасци.
“Jardim Botanico de Curitiba” е еден од дијамантите на Јужен Бразил.Градината е комплекс, кој привлекува обожаватели на цвеќињата од целиот свет. Во францускиот двор има оранжерии, водопади и езера, а целиот парк е претрупан со цветните леи.
Оваа градина се наоѓа во Нов Зеланд, на едно мало, но посебно место во центарот на Окленд. Оваа цветна градина ќе ве фасцинира со своите над 4500 розови грмушки, сите во различни бои и од различни сорти. Врвот на оваа убавина е во пролет во Нов Зеланд, што е во октомври.
Овие градини се наоѓаат во Ирска, меѓу ридовите на Виклоу. Овде можете да видите различни градини во италијански, јапонски и англиски стил. На пролет тука ќе уживате во рододендрон, нарцис, глицин, азалеи и африкански крин.
Ботаничката градина во Лондон
Оваа масивна градина “Kew Garden” се наоѓа во срцето на Лондон и се протега на над 300 хектари.

Цветната градина “Билтмор”
Оваа градина се наоѓа во Северна Каролина, САД и е вистински празник за очите, особено во пролет, кога цветаат азалиите. Во егзотичната зимска градина пак можете да видите орхидеи.
Градините на дворецот Мирабел
Тие се една од најголемите атракции во Салцбург, Австрија. Тоа е една од најпознатите интересни европски дестинации во барок стил.
Градините ” Бучарт “во Канада
Тие се наоѓаат на 50 хектари на островот Ванкувер. Тука можете да уживате во минзухари, рози и орхидеи, додека се шетате по улички во викторијански стил, опколени со ароматични грмушки.
Градините на Сингапур
Поминете цел ден во оваа прекрасна градина, каде цветаат над 60 000 орхидеи. Во градините има езеро, водоскоци и пластеници со тропски видови.


