Кејти Пери и Орландо Блум ги изненадија своите фанови, откако се заљубија еден во друг и се претворија во една навистина моќна и убава ѕвездена двојка.5bcddc6217acab1d77d3f30cd534a404

Двајцата се заедно околу два месеци, а за последен пат беа фатени да се бакнуваат на концертот на Адел во Лос Анџелес на 12 февруари, а потоа пак беа пресретнати да се држат за раце, на забавата пред наградите “Греми”, која беше на 13 февруари.

Извор близок до пејачката, вели за списанието Us Weekly дека 31-годишната поп ѕвезда и 39-годишниот актер се лудо вљубени еден во друг и се супер среќни заедно.

Другата супер актуелна нова двојка во светот на шоубизнисот се Гвен Стефани и Блејк Шелтон, кои од крајот на лето 2015 летаат на крилјата на љубовта и не престануваат тоа да го покажат.

Можеби пак најжешкиот нов пар ѕвездени личности се експејачот од One Direction Зејн Малик и супермоделот Џиџи Адид.

Видете кои се другите нови вљубени парови во светот на шоу бизнисот во галеријата.

Орландо и Кејти; Фото: dailymail.co.uk

Слични содржини