Ако сте од луѓето кои не можат да го замислат животот без книги и без да читаат, значи сигурно ќе ја цените колумбиската книжарница 9¾ Bookstore and Café, чие име е инспирирано од познатиот перон кој води до Хогвортс.ca7164af769cd180231c6366702104d1

Покрај традиционалните книги кои се поставени таму, посетителите на ова место можат да уживаат и во чаша топол чај или ароматично кафе.

Се разбира, идејата за книжарница и кафуле во едно не е нова. Во светот има многу такви, но она што ја разликува 9¾ Bookstore and Café од останатите, е пријатниот и необичен ентериер.

Всушност местото е поделено на неколку различни “области”, кои се карактеризираат со свој дизајн.

На овој начин секој човек може да најде место во кое ќе се чувствува удобно и ќе се наслади максимално на редовите од книгата, која ја чита.

Има доволно удобни столици и места за лежење, кои се погодни не само за возрасни, но и за деца.

За да се уверите во шармот и удобноста на книжарницата-кафуле во Колумбија, едноставно погледнете ги фотографиите во нашата галерија.

Фото: 9¾ Bookstore and Café