Дневната во сива или бела боја е знак дека се следат последните внатрешни трендови.
Модерните дизајнери и архитекти ги вреднуваат високо неутралните бои,бидејќи тие се погодни за секоја соба и обезбедуваат големи можности за различни комбинации на бои.
Сивата, белата и црната се три бои кои можат да се комбинираат на многу начини.
Покрај тоа, оваа дизајнерска комбинација на бои е безвременска, односно – секогаш модерна. Со неа одлично се комбинираат слики, вазни и фигури со минималистичка форма.
Соодветното LED осветлување и можеби неколку смели, цветни акценти ќе го направат дизајнот на секоја соба навистина возбудлив.
Во текот на денот една сива дневна соба може да изгледа модерна и елегантна, а вечерта, со соодветно осветлување –интимна и со топла атмосфера.
Во нашата галерија може да најдете различни примери за дневна во сива и идеи како да се прошири со шарени акценти.