Сите знаеме дека Алесандра Амброзио е еден од најуспешните супермодели на светски план.
Поради тоа не треба да го игнорираме фактот дека таа е добра и во улога на дизајнер на костими за капење.
Убавицата вешто се справува со својата сопствена линија Ale by Alessandra, а тука се и новите нејзини предлози за пролет-лето 2017.
Ангелот на Victoria’s Secret обложува на плетени бодиа, мини фустани во смели принтови, феерични комбинезони и убави костими за капење.
Се разбира, Алесандра Амброзио сама си е модел во рекламната кампања, а силуети добиваат завршен изглед со елегантни капи со кожна лента.
Можете да ги разгледате првите кадри на Алесандра Амброзио во нашата галерија.