Повеќепати сме велеле дека убавината е субјективен поим . А женската убавина не е само правилни црти, добро оформено тело и убава облека.Понекогаш тоа може да биде збир од сето тоа, како и шарм, магнетизам, волшебна насмевка, индивидуалност и автентичност.
Тоа го докажуваат фотографиите од проектот “Атласот на убавината” на романската фотографка Михаела Норок .Таа ја напушта својата работа, за да започне нов живот во истражување на различните лица на убавината на светот .Во текот на две години Михаела патува во различни земји и снима стотици природни жени, опкружени од нивната култура.
Проектот на романската фотографка има за цел да ја покаже различноста во светот преку слики на различни убави жени – секоја на свој начин. По состанокот со илјадници луѓе и обиколка на 37 земји, Михаела вели дека за неа убавината е насекаде и најмногу во тоа “да бидеш себе”.
Уште еден доказ дека една жена може да биде убава, токму затоа што е различна, а не затоа што се обидува да влезе во утврдениот стереотип. “На крајот на краиштата убавината е во очите на очевидците, а тој секогаш е некој друг” , резимира фотографка . Таа се надева дека нејзините фотографии ќе послужат како инспирација за многу жени, кои сакаат да останат вистински и автентични.
Влезете во нашата галерија и разгледајте дел од портретите на Михаела Норок – многуте димензии на убавината.




























