(ГАЛЕРИЈА) Бајковидната празнична Москва

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Главниот град на Русија – Москва, е еден од најзначајните градови. Тој не само што е најголемиот меѓу руските градови, но и има способност да се трансформира тотално за време на божиќните и новогодишните празници.209bda8daf2b31d79bd18ddcaa4538dc

Бидејќи руската патријаршија го следи Јулијанскиот календар, Божиќ и кај нив доаѓа во јануари. Затоа и убавината од Москва доаѓа со мало задоцнување во споредба со другите светски метрополи, но во целата величественост.559cc22a6aa6f9f206500eb00d02bf8a

Руската зима може да е сурова и несфатлива за нас, но убавината не може да се негира. Сликите кои младата фотографка Кристина Макеева ги има направено, покажуваат волшебство и магично емитување на руската престолнина по празниците.bb9c7d327ec017e59a9a698fa7f33c38

Црвениот плоштад и Кремљ под светлата на декорацијата блескаат во шарени и во секоја боја светилки.74d2b14d5ae9f9410bb9d2fe91660455

Техниките кои Макеева ги користела за создавање на фотографиите се импресивни. На фотографиите се гледаат светло издвоените акценти, неверојатен баланс меѓу острите линии и шарени светла. Личниот стил на талентираната дама открива начин да ги натера емоциите да се истакнат во преден план.
697336abf8d02616410a8deb8cec333f

Смеа и веселба, брз град, истуширан од илјадници треперливи светла во нежна чипка од снегулки!

Останатите прекрасни снимки погледнете во галеријата.


Галерија: BoredPanda; Instagram; Kristina Makeeva