Кога сте биле мали, многу е веројатно да ви кажувале да не си играте со храната. Можеби Стефан Бруше не го послушал советот на родителите, но во случајот резултатот е повеќе од добар.
Уметникот живее во Ротердам, Холандија и редовно ja ослободува својата имагинација за да создаде уште една интересна и импресивна трансформација на банана. Тој веќе има цела серија на забавни банана “уметнички дела”, од кои некои се навистина мајсторски.
Интересно е како Стефан секој пат наоѓа нов пристап за еден ист плод, и успева да создаде нешто различно и невидено до овој момент. Во повеќето случаи уметникот засекува дел од бананата и задолжително слика врз него.
Често Стефан создава животни – жирафи, слонови, кучиња, змии и т.н. Човечките слики исто така не му се туѓи.
Ако веќе се заинтригирани, влезете во нашата галерија и разгледајте ја банана уметноста на господинот Бруше.