(ГАЛЕРИЈА) Бегство во бразилската џунгла

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Бразил е една од најпознатите шарени и безгранични земји во светот. Природата  е исклучително разновидна и убава.21c586ebf9875cb96a6e3c519d50a4af

Вистинска среќа и привилегија е ако човек може да се допре до нејзините различни димензии – бели плажи и егзотична вегетација.

На овој начин размислуваат и од проектантската компанија Studio Arthur Casas, чиј проект за бегство во бразилската џунгла е сè за што можеме да го замислиме.

Резиденцијата е импресивна комбинација меѓу минималистичка и космополитска творба.

Таа се наоѓа во Сера до Мар во југоисточниот дел на Бразил.

Ексклузивното место на кое се наоѓа имотот, е едно од најголемите. Резиденцијата се наоѓа меѓу бујна зелена шума и плажа, кој речиси не се посетува.

Иако куќата не е толку пространа, нејзиниот дизајн е импресивен – отворен кат, тесни ходници и големи прозорци.

Се разбира, нема како да го забоавиме и извонредниот базен со поглед на океанот. За да го видите најубавото бегство во бразилската џунгла, посетете ја галеријата.

Фото: arthurcasas.com