(ГАЛЕРИЈА) Бијонсе и Џеј Зи пропуштија супер палата поради Том Форд

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Џеј Зи и Бијонсе не успеаја да се изборат во наддавање за еден од најубавите дворци во Лос Анџелес.58d7912d8f58c8f44c3ee20a3ffccacc

Познатите сопружници изгубија имотна битка со дизајнерот Том Форд, кој му предложи на продавачот еден милион долари повеќе и стекна куќата, која се наоѓа во Беверли Хилс.

Том дал 50 милиони долари за имотот, додека Бијонсе и нејзиниот маж преговарале за сума од 49 милиони.

Луксузниот нов дом на Форд има 9 спални, 10 бањи, фитнес сала, домашно кино, тенискорт, елегантен базен и огромен двор, чиј пејсаж зрачи со сјајот на стариот Холивуд.

Неверојатната куќа е изградена во 1934 година и била во сопственост на различни богаташи и ѕвезди, вклучувајќи на продуцентот на “Џејмс Бонд” Алберт.

Зградата беше објавена на пазарот на недвижности уште во 2012-та, но дури сега си го најде својот купувач во лицето на дизајнерот. Што се однесува до поп ѕвездата и нејзиниот сопруг, тие со години живеат во Ел Еј во дворец, но под наем.

Видете ги сликите на убавиот дворец во галеријата.

Фото: dailymail.co.uk