(ГАЛЕРИЈА) Бо-Каап е најшарената населба во Кејптаун

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Бо-Каап дефинитивно е најшарената населба во Кејптаун .45784f24b2eef7d1d88de991e7398e26

Таа е лоцирана на падините на Signal Hill над центарот на градот. Ова е една од најстарите и најпознатите фасцинантни населби во јужноафриканскиот град.

Областа се карактеризира со светло обоени домови и романтични улици со калдрма, кои датираат од 18-тиот век.

Жителите на населбата се потомци на робовите кои пак биле донесени од Холанѓаните од Малезија, Индонезија, Индија, Шри Ланка и различни африкански земји во 16 и 17 век.

Овие робови биле наречени “Cape Malays”, иако не сите од нив биле со малезиско потекло.

Откако Британците го земале Кејптаун од Холанѓаните во 1795 година, тука се случуваат низа позитивни промени, вклучувајќи верска слобода, елиминирање на трговијата со робови и др.

Така во даден момент еманципираните робови формираат нова заедница, а најголема е муслиманската.

Многу од локалните жени (африканки) го прифатиле исламот, за да се омажат за мажи муслимани од Азија, бидејќи тие не пијат алкохол и се сметаат за подобри сопрузи.

Токму шарените, обоени куќи на улиците алудираат на муслиманскиот идентитет на регионот. Мултилатералното наследство на Бо-Каап се одразува и во музиката, танцот, традициите и храната на луѓето од оваа населба.

Видете ги куќите од оваа населба во цврста заедница во галеријата.