Импресивната 400-годишна црква во Мексико е изолирана од светот, поради своето необично располагање – имено таа е потопена во вода. Црквата се наоѓа во јужната мексиканска држава Чиапас и можеби по некое време повторно ќе се покаже на копно.
Ова се претпоставува имајќи предвид дека сушата во регионот го намалила нивото на водата во областа.
Засега локалните рибари ги придружуваат оние кои сакаат да ја видат црквата пловејќи со брод преку реката Grijalva. Всушност светата градба неколку пати е потопувана, поради близината со браната, изграден во 1966 година.
Црквата е висока 16 метри и е позната уште како “Храмот на Сантијаго”. Таа е изградена некаде во 16 век, но подоцна е напуштена, поради многуте болести и смртни случаи во периодот меѓу 1773 и 1776 година.
Според мексиканскиот архитект Карлос Наваро црквата е изградена на многу стратешко место – пат, по кој минувале шпанските конкистадори, но таа никогаш не станала важна оаза на свештенството.
Во нашата галерија може да најдете повеќе фотографии од 400-годишната црква под вода во Мексико.
Фото: David von Blohn