(ГАЛЕРИЈА) Декорации за градината од стари предмети

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Старите предмети што повеќе не ги употребувате преку рециклирање, односно апциклирање – пренамена без да бидат фабрички обработени – може да најдат нова примена, не само во дизајнот на ентериерот туку и на екстериерот. Едната позитивна работа од глобалната финансиска криза беше будењето околу границите до кои достига консумеризмот, напуштањето на трендот постојано да се купува ново и пренамената на старите предмети. Пријатно изненадување е колку предмети во вашиот дом, всушност, имаат двојна, дури и тројна функција.

DesignMk

DesignMk

Како саксии за омилените цвеќиња идеални се бандажите, количката со едно тркало, палетите, бурињата, автомобилските гуми, конзервите и теглите со различни големини, па дури и гумените чизми на кои им е помината модата. Палетите, старите тркала од велосипед, па дури и старите рачки од метли може да послужат за интересно склопена ограда за градина. Доволно е само да ги бојадисате во различни бои по личен вкус за да креирате модерен и вибрантен амбиент што е токму она што ѝ е потребно на вашата зелена оаза.