Лукман Реза или подобро познат со уметничкиот прекар “jongkie” е уметник од Индонезија. Неговите неверојатни акварел дела се повеќе од импресивни. Уметноста што тој ја создава е убава, нежна и инспиративна.
Самиот тој раскажува пред boredpanda.com дека живите суштества и природата секогаш го инспирирале, бидејќи е вистински емоционален и чувствителен човек.
Уметникот вели дека избрал акварел, како најомилена и често користена техника, бидејќи е експресивен и непредвидлив. Бојата се раствора во вода и човек никогаш не знае што точно ќе биде крајниот резултат.
Но, и во тоа е целата убавина, според авторот на овие прекрасни животински слики.
Приказните од дивината кои тој ги прераскажува со акварел, видете ги во галеријата.