Креативноста никогаш не трпела граници од каков и да е карактер. Уметниците често откриваат инспирација во различни области и тоа е една од предностите за покорување на нови хоризонти.
Модното дуо Доминик Долче и Стефано Габана се познати по својата љубов кон архивите на модната куќа и традициите на родна Италија.
Постојаното издигнување на пиедестал на култните и препознатливи во целиот свет знаци и орнаменти наоѓаат место во секоја колекција на брендот.
Откако го покорија Истокот со колекција хиџаб и абаја, двајцата се насочуваат во една благо речено нестандардна линија – онаа на белата техника.
Dolce & Gabbana ги здружуваат мајсторски вештините со италијанската марка за домашни потреби Smeg, во создавањето на еден нестандарден фрижидер.
Производот го носи името “Fab 28 Smeg” и се карактеризира со рачно насликани врз него лимони, коли, средновековни витези, борбени сцени, цветни и други елементи, вообичаени врз силуетата на модната куќа.
Се разбира, маестралното помагало со кое можеме да ја внесеме буквално високата мода во својата кујна, е создадено во лимитирана серија од вкупно 100 парчиња, а нивното деби претставувањ,е ќе се одржи во Милано во почетокот на април. Највпечатливите фрижидери на Dolce & Gabbana можете да ги видите во нашата галерија.