(ГАЛЕРИЈА) Домот на Џо Манганиело во Холивуд Хилс со кој се збогува

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Џо Манганиело го продаде својот дом во Холивуд Хилс, Лос Анџелес. Холивудската ѕвезда сепак склучи зделка, имајќи 70 000 долари помалку отколку што сакаше.952a58916aabdd41dc092009f3dad7dd

Сепак актерот не е во загуба, имајќи го предвид фактот дека успеа да го продаде имотот за помалку од два месеци и веќе располага со чек за 1,925 милиони долари.

Џо решил да се збогува со својот дом откако започнал да живее со својата свршеница Софија Вергара.

Имотот со четири спални и три бањи, кој останал ненаселен, бил ставен на пазарот во месец април. Холивудската ѕвезда пак се здобила со него пред две години.

И иако добиената цена за куќата била под објавената, актерот сепак е на добивка од договорот, добивајќи 125 000 долари повеќе отколку што  дал самиот тој.

Имотот, изграден во 1963 година, импресионира со стил и практичност.

Посетете ја нашата галерија и проверете го веќе поранешниот дом на Џо Манганиело.