(ГАЛЕРИЈА) Домот на Џон Касакк како да излегол од „Два и пол мажи“

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Сите знаеме како изгледаше куќата на Чарли Шин (последователно на Ештон Катчер) во серијата “Два и пол мажи”. Па, оваа на актерот Џон Касак е вистинскиот прототип.469d8c670741c7a4e8dfcd9a01ff890c

Домот на Џон се наоѓа на плажа во Малибу, а неодамна тој ја објави во продажба за сума од 13 милиони американски долари.

Станот на 49-годишниот актер, продуцент и сценарист, познат со филмовите “Тенка црвена линија”, “Контролна кула” и “Миленикот на Америка” е решена во шпански стил и располага со спектакуларен поглед на крајбрежјето.

Куќата е со површина 466 квадратни метри и е на три ката. Главниот стан располага со камин, голема бања, балкон и канцелариски простор. На вториот кат има три спални, а на приземјето ниво има сауна, бања и директен пристап до плажа.

Куќата е изградена во 1974 година, а самиот Џон ја стекнува во 1999 година за сума од 2,1 милиони долари.

Касак никогаш не се жени и нема деца, иако имаше долги врски со актерките Нив Кембел, Алисон Иствуд, Ребека Ромејн и Мини Драјвер. Тој е брат на актерката Џоан Касак.

Видете ги сликите на куќата на актерот во галеријата.

 

 Фото: outnow.ch