(ГАЛЕРИЈА) Домот на Гордон Ремзи во Беверли Хилс

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Најпознатиот британски шеф готвач Гордон Ремзи и неговото семејство поседуваат имот во Лос Анџелес, кој се проценува на 7 милиони американски долари.82063660d1845d70c8a83e1b01418474

49-годишниот Гордон, кој е првиот Шкот со ѕвезда Мишелин, доби луксузната куќа во престижниот кварт Беверли Хилс во 2012-та.

Ремзи и неговата сопруга Тања ги поминуваат сите празници на четирите деца во сончевата Калифорнија, заедно со пријателско семејство – Викторија и Дејвид Бекам.

Во другото време тие живеат во Велика Британија, каде наследниците – Меган Џејн, Џек Скот, Ана Холи и Матилда учат.

Што се однесува до резиденцијата на семејството во САД, таа располага со пет спални, инфинити базен, убава градина, поглед на кањонот и океанот, и природно – суперлуксозна кујна.

Куќата на Гордон во Англија; Фото: dailymail.co.uk

Куќата е изградена во 2003 година и е со површина 740 квадратни метри. Гордон поседува уште еден стан во Лондон и имот во англиската провинција Корнвол.

Неодамна Ремзи откри дека со неговата сопруга очекуваат петто дете, слично на неговиот конкурент ТВ-готвач Џејми Оливер, кој наскоро ќе стане татко по петти пат.

Гордон рече дека се надева дека ќе има момче, бидејќи има три ќерки. Тој призна: “Очигледно е дека ќе сум среќен со уште едно момче.”

Гордон и 41-годишната Тања се во брак од 1996 година.

Погледнете како изгледа американскиот дом на врвниот готвач во галеријата.