(ГАЛЕРИЈА) Џеј Ло си купува извонреден дом во Бел Ер

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Џенифер Лопез е на пат да ја купи зградата во Бел Ер на својата колешка од Холивуд – актерката Села Вард, позната од серијата “CSI: Њујорк”.2eca1681ff9170a1bb304ab049e3e94a

Џеј Ло одамна си бараше нова куќа во Лос Анџелес и во моментов е на пат да даде 40 милиони долари за предметниот имот, кој се наоѓа меѓу 100-годишна борова шума.

Од 2010-та година до неодамна Џенифер живееше на ридовите над Холивуд или поконкретно во соседството Хиден Хилс.

Тогаш таа си купи куќа за 8,2 милиони долари, а во моментов ја објави својата продажба за сума од 12,5 милиони.

Покрај тоа Џеј Ло има пентхаус во Њујорк, кој го купи во 2014 година и каде е сосед на Челзи Клинтон.

Лопез поседува и имот во Хамптонс што го стекна во 2013 година за речиси $ 10 милиони.

Идниот дом на поп ѕвездата е старомоден, но многу романтичен и шармантен. Тој се наоѓа на брегот на потокот со мостче, а куќата е со камена архитектура во француски, рустикален стил.

Се разбира, зградата има базен, игралиште и простран станбен простор, вклучувајќи соба за домашно кино, канцеларија, библиотека и огромни плакари.

Идниот дом на Лопез има и дополнителна куќа за гости, уметничко студио, а во градината има минијатурно голф игралиште.

Видете слики од идниот дом на Џенифер во галеријата!

 

Слика: Getty Images