Џесика Алба ги отвори вратите на стилскиот семеен дом, за нова фотосесија во списанието Better Homes And Gardens.
На страниците на списанието 34-годишната ѕвезда позира заедно со двете ќерки Хевен и Онер, како и со двете кучиња – Сид и Боуви.
Холивудската актерка, која е и успешен бизнис претприемач, демонстрира чудесно украсен дом во Ел Еј.
Неодамна компанијата Алба “The Honest Company” беше проценета на 1,7 милијарди американски долари, а таа поседува околу 20% од неа, затоа според Forbes, таа е најбогатата бизнис дама во моментов во САД.
Ѕирнете во домот на Џесика Алба, со тоа што ќе влезете во галеријата.