Џоан Роулинг ја купи јахтата на Џони Деп за 32 милиони американски долари. Авторката на Хари Потер беше воодушевена од 15-метарскиот луксузен брод на Холивудскиот актер, која тој ја делеше со неговата поранешна партнерка Ванеса Парадис.
50-годишната британска писателка сакала да ја реновира внатрешноста на јахтата за уште 7 милиони долари.
Бродот има три палуби и може да се сместат до десетина гости во пет кабини, а освен тоа има место за екипаж од девет луѓе.
Ѕвездата од “Пиратите од Карибите” ја купи јахтата во 2008 година и ја крсти “Важолирожа” (Vajoliroja), како комбинација на првите две букви на Ванеса, Џони и нивните деца – Лили Роуз и Џек.
Откако се раздели со Парадис и се ожени со актерката Амбер Херд минатата година, Деп ја преименува јахтата на “Amphitrite” на името на грчката божица и ја подари на својата нова жена.
Џ. К. Роулинг има богатство од 580 милиони британски фунти, па сигурно може да си дозволи ваков луксузен подарок.
Според гласините, таа е вљубена во бродот, откако била на одмор со него со нејзиниот сопруг Нил Мареј и нивните две деца – Дејвид и Мекензи.
Се смета дека Џоан ќе ја користи јахтата за одмор со семејството, наместо секој пат да ја изнајмуваза 72 илјади британски фунти неделно.
Разгледајте ја јахтата во галеријата.