Џон Леџенд и неговата бремена сопруга Криси Теjган ја купија поранешната куќа на Ријана во Беверли Хилс. Сопружниците го добија домот на поп-ѕвездата за сума од 14,1 милион американски долари.
Самата Рири го продаде имотот пред 4 години едвај за 5 милиони.
Новата зграда на ѕвездената двојка е уредена во современ стил и е опремена со пет спални, осум бањи, билјард сала со бар, домашно кино, теретана, базен, канцеларија, три камини и т.н.
Освен тоа куќата нуди одличен панорамски поглед на Лос Анџелес. 37-годишниот пејач и 30-годишниот модел се населиле во куќата заедно со својот миленик – англискиот булдог Пуди.
Двојката, која склучи брак во 2013-та, го очекува своето прво дете оваа пролет.
Видете повеќе фотографии на куќата во галеријата.
