(ГАЛЕРИЈА) Џони Деп и Ванеса Парадајз го продаваат францускиот имот

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Џони Деп го пушти во продажба францускиот дворец што го делеше со експартнерката Ванеса Парадајз.d486147516c4ae7123fb703482101592

Холивудскиот актер, кој неодамна се омажи за американската актерка Амбер Херд, го продава имотот за 16 милиони британски фунти.

Куќата на Џони и Ванеса се наоѓа на Азурниот брег, во близина на Сен Тропе.Деп и Парадајз купија 37-акрска палата пред 14 години, набргу откако ја почнаа врската.

Двојката ја  објави разделбата во јуни 2012 година, но двајцата не се решаваа да ја продадат убавата куќа во францускиот Прованс или попрецизно во селото План де ла Тур.

52-годишниот актер и 42-годишната француска пејачка и актерка ги одгледаа тука децата Лили Роуз и Џек, кои сега имаат 16 и 13 години.

Што се однесува до камената куќа, таа е со површина 430 квадратни метри, има пет спални, три бањи, два базени и арт студио, каде Џони сликал, а Ванеса свирела.

Самата куќа е изградена во средината на XIX век, а Деп ја реставрира целосно откако ја купува во 2001 година. Еднаш тој го рече за имотот следново: “Јас навистина го сакам ова место! Ова е нашиот дом. ”

Според гласините, меѓутоа, тој поминал на друг бран покрај 29-годишната нова сопруга Амбер. Во моментов младоженците се разгледуваат да купат имот во Велика Британија во стилот на серијата “Downtown Abbey”. Покрај тоа, тие имаат приватен остров на Бахамите, каде се венчаа за Божиќ.

Разгледајте фотографии на екс-домот во галеријата.