Мајкл Џордан е подготвен да се раздели со волшебниот дворец во Чикаго, додека да се најде човек кој ќе му даде 15 милиони долари за модерниот имот.8a3b0a6f6b50f153c367d3eb570c89bb

Пензионираната кошаркарска ѕвезда ја огласи во продажба куќата уште во 2013-та година, а тогаш за неа бараше речиси двојна цена – 29 милиони, но не го пронајде својот купувач.

Во последните неколку години Џордан живее со своето семејство главно во Палм Бич, Флорида, иако неговите врски со регионот на Чикаго, каде ги помина најславните години во 90-тите во тимот “Чикаго Булс”, не се целосно отсечени.

Во моментов тој е мнозински сопственик на тимот од НБА “Шарлот Хорнетс”, кој е од неговата родна држава Северна Каролина и Мајкл поминува доста време таму.
Минатата година 51-годишниот екс спортист стана татко на идентични близначки од втората сопруга – 35-годишниот поранешен модел од кубанско потекло – Ивет Прајто.

Погледнете ги фотографиите од зградата во галеријата.