(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнете во куќата на Џенифер Гарнер и Бен Афлек

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Бен Афлек и Џенифер Гарнер долго време беа семејство за пример. Тие се сметаа за остварување на холивудскиот сон – убави, успешни, богати, вљубени и среќни.c6a4dfdf9260a8c41116bbd87994ec19

Па, само пред неколку месеци се покажа дека и покрај трите деца, двајцата актери имале непремостливи проблеми кои доведоа до нивната одлука да стават крај на својот 10-годишен брак.

Малку по оваа тажна вест, Бен и Џенифер го објавија својот магичен калифорниски дом во тивкиот регион “Пасифик Палисејдс” за продажба. Сумата која двојката ја бара, изнесува 45 милиони американски долари.

Во минатото имотот бил сопственост на кинолегендата Грегори Пек, а Афлек и Гарнер ја стекнуваат во март 2009 година за 17,55 милиони долари.

Неверојатната палата на отуѓените сопружници е со површина од 880 квадратни метри. Главната куќа има 5 спални и 8 бањи.

Во дворот, во прилог на мини фудбалскиот терен, има кошаркарското игралиште, базен и летна кујна.

Освен тоа на имотот има посебна куќа, во која се сместени арт студио, фитнес, кино сала и уште две спални.

Погледнете фотографии на прекрасниот имот на холивудската ексдвојка во галеријата.