Ако ви ја спомене некој поп принцезата Бритни Спирс, веруваме дека прва асоцијација нема да биде елеганција и префинетост, туку њујоршкиот стан на некогашната голема музичка звезда.

Истовремено елегантен, помалку со арт моменти, пентхаусот коиј Бритни го стави на продажба со оглед на тоа дека моментално живее во италијанска вила во Калифорнија, се наоѓа во ренесансната The Silk Building, зграда која некогаш и припаѓала на компанијата Tower Records.

Секоја просторија во станот ја карактеризира одредена боја, па така една спална соба речиси цела е сива, другата е комбинација од црна и црвена, во дневната соба се мешаат жолти и сиви детали, додека на многумина им „фаќа око“ модерен минималистички агол со лулашка предодредена за забава.

Големите прозорци кои на просторот му осигуруваат многу природна светлост и интериер кој нималку не наликува на стандардни кич вили во Лос Анџелес во кои звездите често престојуваат, причини се поради кои новиот сопственик би можел да се согласи на цена од 7.6 милиони долари, што е многу повеќе од цената по која Бритни го купи станот во 2002 година (3 милиони долари).

Станот го зафаќа 10,11,и 12 спрат од зградата, заедно со пентхаусот.
