(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнете во раскошниот елегантен стан на Доналд Трамп

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Доналд Трамп одлучи да продаде една од многуте недвижности за приватно користење, имено елегантен стан во Њујорк.8b56560b34ae6fb725da2a87a3322b82

Раскошното живеалиште на американскиот претседателски кандидат на републиканците, е најавено на пазарот за сума од 14 милиони американски долари.

Според весникот The Wall Street Journal, станот се наоѓа на 27-ми кат во зградата“Trump Park Avenue” и е со површина од 420 квадратни метри.

32-катната кула претходно била хотелот “Делмонико”, но Трамп ја купува во 2001 година за 115 милиони долари и ја претвора во станбена зграда.

Во него има различни луксузни убавини како приватен лифт, големи прозорци, мермерни бањи и спектакуларни погледи на градот.

Според ќерката на Доналд, продажбата не е поврзана со прибирање средства за неговата политичка кампања. Иванка Трамп, кој е потпретседател на неговата компанија “Trump Organization”, рече:“Ние продаваме имот, само кога на пазарот е поволно за продажба.”

Видете фотографии од станот на Трамп во галеријата.