Посетете ја вилата во која писателот Иан Флеминг се инспирираше да напише серија од романи за шпионот Џејмс Бонд. Во моментов во кината може да се види 24-тиот филм од серијалот за агентот со кодирано име 007. Лентата е со учество на Даниел Крег и е фотографирана во снежните австриски Алпи.
Сериозните фанови на Бонд сепак знаат дека сончевата Јамајка е островот, каде самиот Бонд е создаден од неговиот автор. Првото дело “Казино Ројал” Флеминг го објави во 1952 година – шест години, откако почнува да живее речиси постојано на карипскиот остров.
Прибежиштето на писателот се наоѓа во близина на малото село Оракабеса каде има хотелски комплекс “Златното око” (како името на еден од филмовите за Бонд).
Дел од овој комплекс е предметната вила, каде новинарот и офицер од британското разузнавање ги напишал своите 14 романи за агентот 007 и каде живее речиси до крајот на животот (починал во 1964 година).
Оваа вила е со пет спални и во неа се уште се чува бирото на кое се напишани романите. Имотот на Флеминг си има приватна плажа, сопствен базен, сопствен персонал од батлер, домаќин и готвач, како и тропска градина.
Таа се наоѓа на 20 минути источно од градот Очо Риос и на 8 минути возење од меѓународниот аеродром што се вели …Иан Флеминг.
Токму на приватната плажа е снимен шпионскиот трилер “Dr. No “од 1962 година со учество на Шон Конери и Урсула Андерс, кој е можеби еден од најпознатите филмови за Бонд на сите времиња.
Видете ги фотографиите на оваа прекрасна вила во галеријата.