(ГАЛЕРИЈА) Ѕвездите некогаш и сега

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Нели се сеќавате како како мали деца дека ни се чинеше како времето да тече побавно и со темпо на желка?94150e20a1d6a42e6db5eeef47a1b171

Со напредокот на годините, ритамот како сè повеќе да се убрзува. Додека во еден убав момент не сфативме дека животот си тече и дури да не сакаме, ние старееме.

Стареат и ѕвездите. Познатите личности, и покрај сите свои таленти и милиони во банкарските сметки, не можат да ги вратат годините наназад.

Како сите нас – тие можат само да вадат албуми и да се сеќаваат на своето помладо Јас.

Токму тоа е и идејата на колумбискиот уметник Фулвио Обрегон, познат уште по прекарот “Fulaleo”.

Во својата серија на цртежи, насловена“Me & My Other Me” тој претставува светски лица сега или во последните години од нивниот живот, кои застанале до помладата своја слика.

Во цртежите Фулвио често користи саркастични елементи поврзани со конкретниот лик кој го отсликува.

Несомнено сепак неговата работа е импресивна – своевидна средба на минатото со сегашноста.

За да видите уште цртежи на талентираниот уметник, проверете ја нашата галерија. Таму ќе се судрите со младиот и стариот Стив Џобс, Бил Гејтс, Ал Пачино и други.