Селфињата се хит на сегашноста. Овие слики се забавни и спонтани. Најубави стануваат ако некое животинче позира во кадарот заедно со нас.
Такви се селфињата на фотографот Ален Диксон. Тој ја има најзабавната и неверојатна работа на светот – фотографијата! Уште попријатно во неговата професија е дека снима животни, со кои си прави селфиња.
На сликите животните изгледаат среќни и насмеани како навистина да позираат и се забавуваат!
Да работиш со животни е еден од најпознатите прекрасни предизвици според Ален. Тој вели дека тоа му дава можност да се развива и да ја разбере природата на дивината. Некои од најдобрите негови слики се токму со животните.
Видете ги и останатите животински селфиња на Ален Диксон во галеријата.