И покрај појавата на електронските книги,љубовта кон традиционалните хартиени изданија продолжува да е жива.
Сепак ништо не може да се спореди со чувството да држиш книга во рацете, да ти поминуваат нејзите страници меѓу прстите и да уживате во мирисот.
Тоа најдобро го сфаќаат луѓето кои сакаат да читаат. Тие едвај можат да го замислат животот без задоволството, што им го носи читањето и приказните во кои “тонат” со секој прочитан лист.
За нив книгите се богатства, кои треба да бидат складирани трудољубиво дома.
За среќа, дизајнерите се погрижиле и за тоа.Има исклучително интересни внатрешни идеи за љубителите на книги, кои лесно можат да го “освежат” изгледот на секоја соба од домот.
Најчесто тоа се нестандардни полици за книги со импресивен дизајн, кои дефинитивно нема како да останат незабележани.
Во нашата галерија може да ја разгледате токму внатрешни предлози за љубителите на книги. Можеби ќе ви се допадне нешто за вашиот дом?