Пред да се разведе со Брук Милер и да го скандализира светот со веста дека е болен од СИДА, Чарли Шин ја поседувал оваа прекрасна куќа, чија вредност изнесува скоро 4 милиони. Од лични причини, тој ја пушта на пазарот за недвижности.
Куќата е сонот на секој ерген – голема и со многу простор за забава. Надворешноста потсетува на типичните арапски градби од Истокот, можеби поради белиот гипс и грубите форми. Малото фонтанче во дворот исто така нè упатува во насока Аграба каде е топло и само водата може да ги разлади жителите во топлината. Градбата се наоѓа во Лос Анџелес.
Влегувајќи во куќата на Чарли, наидуваме на една неселективна еклектика која како да не познава специфики во стиловите. Откриваме винтиџ, современ, медитерански и дури и провинциски стил. Постои дури и импровизација на класицизам, ако судиме според лустерот со декорација од полускапоцен камен оникс.
Низ дневната соба и зимската градина на Шин ја откриваме истата разновидност од бои, дезени и шари. И додека во нив сите ѕидови се чисто бели, а подот е од дрво боја венге, софите се во контраст со разнобојни перници и декоративни елементи. Дефинитивно изгледа дека Чарли живеел тука доста време. Просториите за секојдневна употреба се заситени со спомени – слики, вазни и секакви декорации кои го украсуваат неговиот дом. Изгледа е љубител и на орхидеи.
Во кујната на Шин ги откриваме модерните за 60-те години пастелни бои. Спалната соба на Чарли е интересна со заоблени агли под таванот. Покрај тоа големо стилско значење можеме да оддадеме на гипс таванот со централизирани кружни орнаменти и мали гранчиња по продолжението. Што да кажеме за бањата? Дефинитивно Чарли ја сака водата, бидејќи освен када има и туш кабина со површина од околу 3 метри.
Фотографии од куќата можете да погледнете во галеријата.