(ГАЛЕРИЈА) Естонија: една потценета дестинација

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Естонија не е многу популарна туристичка дестинација. Повеќето луѓе знаат само дека тоа е држава во североисточна Европа и дека се наоѓа на Балтичкото Море во близина на Латвија.5caeedf0298059aced50ed7ea851092b

Тоа навистина е мала земја со население од едвај 1,3 милиони луѓе, но пак има убава глетка со плажи, мочуришта, фарови, ветерници, острови, убави хоризонти и уникатно ноќно небо, опсипано со безброј ѕвезди.

Луѓето во оваа северна земја се исклучително мирни и сигурни, а по потекло тие се поблиски до Финците, отколку до Русите.

Естонците може и да биле дел од СССР, но во Естонија ги нема карактеристичните сиви бетонски згради за поранешната советска држава  (земјата ја врати својата независност од Советскиот Сојуз во 1991 година).

Државата може да се пофали со 1.500 острови, 1400 километри крајбрежје, а речиси 50% од нејзината територија е покриена со шуми.

Ако имате можност да патувате до Естонија, не се задржувајте само во главниот град Талин, иако таа навистина е многу пријатен град со убав стар дел со улици поплочени со калдрма,  згради  од стари тули и многу цркви.

Добро би било да се прошетате во покраината, бидејќи таму има огромна разновидност што ќе ве изненади позитивно.

Нема сомневање дека една од работите кои треба да се видат е островот Сааремаа. До него се стигнува со автобус или ферибот од Талин. Островот бил заземан низ вековите од Данска, Шведска, Германија и Советскиот Сојуз. Значи приказната варира од Викинзите, нацистите, комунистите и така до денес.

Прошетајте и до градот Пјарну. Тоа е мало гратче кое се користи од локалните жители како летна дестинација, место за пливање и сончање. Во него има бањи и кал-бањи. Тука е изграден првиот спа комплекс во земјата во 1837 година.

Островот Наисаар исто така заслужува внимание. Областа е мала, се наоѓа во Балтичкото Море и е речиси пуста. Таму Естонците одат, за да берат печурки во шума.

Видете фотографии на оваа мала северна страна во галеријата.