Футуристичкото дувло на негативецот од новиот филм за Џејмс Бонд – “Спектра” се продава за 4 милиони долари.
Во филмот вилата е дом на лошиот лик, толкуван од германскиот актер Кристоф Валц.
Таа се наоѓа во пустината на Мароко и располага со три спални, фитнес центар, голем отворен базен и посебна куќа за гости.
Модерниот дом божем е уништен при експлозија од самиот Агент 007, но тоа се само специјални ефекти во филмот.
Во импресивната куќа се фотографирани неколку сцени од “Спектра”, ка фановите на лентата сигурно ќе го препознаат имотот од кој се открива чудесниот панорамски поглед кон Атласките планини.
Луксузниот имот е изграден во 2006 година и е во сопственост на француски бизнисмен.
Погледнете повеќе фотографии од куќата во галеријата.