(ГАЛЕРИЈА) Гијтхорн -холандската Венеција

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Гијтхорн не е Венеција, ниту пак Амстердам. Всушност ова е најмногу мирно село во Холандија. Тоа е некако поинакво со својата едноставна, сценична убавина и воопшто не изгледа реално, туку како да излегло од бајка.1f37a8b852aca5e18803431d163fb0b0

Селцето има мали канали, наместо улици, над кои пак има симпатични дрвени мостови. Освен тоа старите куќички тука имаат покриви карактеристични за 18 век.

Гијтхорн е нарекувано “Холандската Венеција”, иако тука нема да сретнете толпи бучни туристи, ниту пак огромно количество на продавници за сувенири.

Во ова холандско село најсилниот звук што може да се слушне се криковите на патките.

Гијтхорн се наоѓа во зелената провинција Оверејсел, во источниот дел на Холандија.Селото е основано во 10 век, но се развило најмногу во 13-тиот век.2988561192114b6963cef6730ef515d5

Тоа е лоцирано меѓу огромна серија на езера и канали, па затоа основните возила тука се чамците и кануата. Пешачките патеки по должината на каналите пак се идеални за прошетки или за возење велосипед.

Во ова локација има три музеја и едно бродоградилиште, кое е отворено за посетители, како и многу пријатни установи и ресторани.

Погледнете фотографии од селцето во галеријата.