Домот е свето место, во кое човек треба да се чувствува сигурно и удобно. Некои луѓе сепак паѓаат на поекстравагантни станови и на драго срце би се откажале од топлите меки бои на собите, градините на балконот и во дворот и широките простори кои создаваат чувство на просторност.
Ако и вие сте меѓу нив, тогаш сигурно ќе го цените проектот на грчките архитекти Лаертис Василиоу и Памтелис Кампоропоулос. Двајцата мажи ја претставија својата идеја за дом, според архитектонскиот тренд “брутализам”. Тој е вграден во карпа, а погледот од него е буквално убиствен, бидејќи се гледа морето во длабочината на отворениот “јаз”.
Живеалиштето е мало, стаклено секаде, за да ја задржува топлината, но истовремено да е оладено. Светлината влегува од едниот ѕид, гледа кон морето и од покривот, врз кој е лоциран базен.
Што се однесува до електричната енергија – таа недостасува во оваа фаза поради тешката локација на домот. Тоа сепак не го прави помалку атрактивен за ентузијастите кои го сакаат адреналинот и да живеат на работ … буквално.
Видете го уникатниот дом во галеријата.