(ГАЛЕРИЈА) Хантер Макгрејди: убавина во плус големина

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Таа е секси и е во подемот на својата кариера на модел, благодарение на своите облини. Хантер Макгрејди , русокосата убавица која на 16 сонува да стане модел, одржувајќи слабо тело. По некое време разбира дека тоа нема да ѝ ги отвори вратите кон модна писта и фотосесија.
Својот прв голем пробив како модел во плус големина го прави благодарение на фотографот Џејмс Макари, кој снимал за едни од најпознатите модни списанија.

Неодамна Макгрејди сними неверојатна фотосесија за Sports Illustrated Swimsuit каде ја открива убавината на заоблените форми и претставува трендови во костимите за капење за лето 2017. Од слабичката девојка со големи соништа, денес 23-годишната искушувачка може да се пофали како еден од најуспешните модели.

Хантер Макгрејди зрачи доверба, женственост. Работи со кои секоја жена би требало да зрачи. Да покажува како треба да ги љубиме формите, да се гордееме со нив, да не се срамиме да ги покажеме.

Макгрејди е доказ дека кога една жена зрачи со сексапил, нема начин да не биде прифатена како секси. Уште нејзини фотографии може да се видат во галеријата.