Неодамна ви раскажавме за книжарницата-кафуле во Колумбија. Изгледа љубовта кон книгите не е распространета само во Јужна Америка, но и во Азија или поконкретно во Јапонија.
Доказ за тоа е нестандардниот хотел „Book and Bed Tokyo“, кој се наоѓа во Токио.
Гостите не треба само да ги сакаат книгите, но и треба да умеат да спијат меѓу нив. Всушност идејата на хотелот е ентериерот да личи на книжарница.
Ефектното место, соодветно за љубителите на книгите, е лоцирано на седмиот кат во висока зграда и ќе биде отворено многу наскоро (во почетокот на месец ноември).
Неговиот дизајн е дело на двајца архитекти од компанијата Suppose Design Office, а ноќевањето варира помеѓу 32 и 50 долари на вечер – во зависност од големината на “собата”.
Првично колекцијата на книги во спектакуларниот хотел ќе брои 1700 литературни дела. Се планира сепак по некое време таа да порасне до 3.000 книги на јапонски и англиски јазик.
Влезете во нашата галерија и проверете го хотелот книжарница во Токио.