(ГАЛЕРИЈА) И играта со храна може да биде модерна

од Vladimir Zorba
398 прегледи

Може мајка ви ве учела дека со храна не треба да се игра, но ова правило не важи кога станува збор за уметноста.1bbf3d36d8ce7c760e016d1200891e6d (1)

Една корисничка на Instagram ги сподели своите цртежи во кои користела прехранбени производи на еден доста авангарден и модерен начин.

Предметната дама се вика Гретхен Роерс и моментално живее во Сан Франциско. Таа е моден илустратор и користи овошје, зеленчук, лушпи од ореви и др., за да создава скици, кои инаку се инспирирани од модата во Њујорк Сити.

Цртежите на авторката го доловуваат сјајот и духот на најстилските жители на Големото јаболко. Гретхен направила серија од повеќе од 100 скици кои веројатно чекаат спонзор, за да бидат претворени во модна колекција.

Истражете го прекрасното ремек дело во галеријата.