Нема начин добитничката на “Оскар” Ен Хатавеј да биде несреќна во својот нов стан во Менхетен.
Актерката дефинитивно заборавила на длабочините на сиромаштијата кои се рекреираат во филмот од 2012-та“Клетниците” , каде влезе во улогата на осудената Фантин.
До денес Ана е во среќно очекување на своето прво дете, кое треба да се роди секој момент. Како што се гледа, таа активно се подготвува за доаѓањето на бебето, кое се очекува да биде девојче.
Ѕвездата неодамна купи нов дом за 2,5 милиони долари, кој се наоѓа во регионот на Њујорк – Горен Вест Сајд и на една раскрсница од Централ парк.
Луксузниот пентхаус на Хатавеј е на последниот кат во стара зграда, изградена од богат Грузиец во 1902 година.
Станот на Ана е многу сончев, има француски прозорци и огромна, убава тераса која гледа кон внатрешниот двор на задругата.
Станот не е многу голем (околу 180 квадратни метри) и има само две спални, но сепак зградата има своја градина.
За да ги видите сликите на домот на ѕвездата, посетете ја галеријата.