Ако сте од среќните, кои живеат во куќа и располагаат со пространа градина, значи веројатно ќе се заинтересирате за игло во градината.
Тоа е вистинска оаза на мирот, во кој може да се релаксирате непречено сред природата.
Импресивните куполи се мултифункционални и се наменети како за зимска така и за летна бавча.
Градинарското игло е доволно пространо, за да може да собере на својата површина мала маса со две столици или пак диванче.
Неговото демонтирање е исклучително едноставно, што ја олеснува и релокацијата на различни места.
Освен тоа одржувањето не е скапо, а самата купола е направена од екоматеријали.
Едно од најфасцинантните страни на градинарскоти игло сепак е фактот дека во текот на ноќните часови може да свети неверојатно.
За да видите повеќе фотографии од нестандардната оаза на мир, посетете ја нашата галерија.
Фото: gardenigloo.com