(ГАЛЕРИЈА) Импресивна пловечка куќа

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Многу луѓе сонуваат да живеат во водата, а со Floatwing овие фантазии можат да се претворат во реалност.95264f415b9bfeb76dc3166c4d9c248d

Импресивната куќа е создадена од Friday floats и претставува вистински дом, само што не изградена на земјиште, како и сите други доови.

Ширината на мобилната куќа е 6 метри, но таа би можела да се прошири со дополнителни конструкции, достигнувајќи до 18 метри.

Ова им овозможува на жителите да ја персонализираат куќата спрема сопствените желби и потреби. Floatwing може да се претвори во пријатно студио или куќа со три спални.

Независно од избраната големина на провечкката куќа, најатрактивното е што природата секогаш е на еден чекор растојание.

Внатрешноста на невообичаеното живеалиште е богата со удобности –голема кујна со топлински пумпи и генератор, како и скара на терасата.

Во лебдечката куќа има дури и винарска визба и печка, која обезбедува топлина во мрачните и студени денови.

За да биде сето тоа можно, куќата е опремена со соларни панели. Кога тие се целосно наполнети, домот може да биде целосно самостоен во текот на најмалку седум дена.

 

За мобилноста на Floatwing се одговорни два мали вонбродски мотора. Тие се доволно моќни за да може куќата да се движи со умерена брзина од три јазли.

Посетете ја галеријата, за да ја разгледате импресивната подвижна куќа.