Илјадници луѓе низ светот копнеат да го остварат американскиот сон и можеби не би го разбрале изборот на Елора Харди .
Таа ја остава успешната кариера во модната индустрија во Њујорк, за да гради бамбусови куќи во Индонезија.
Елора се преселила да живее во Бали и веќе пет години заедно со својот тим се занимава со т.н. бамбусова изградба Американката смета дека бамбусот е одличен обновлив ресурс, иако недоволно искористен.
Освен тоа, при изработката на куќите Елора користи борон (boron), кој се јавуваво природата и со чија помош се третира бамбусот, за да го заштити од инсекти.
Поранешната Њујоркчанка го објаснува изборот и својата нова вокација така:
“Тоа е ветување за децата. Ова е отпорен материјал кој нема да го снема. И кога за прв пат пред околу шест години ги видов овие згради кои се градат, мислев дека тоа е одлично и во него има смисла … “ .
Влезете во галеријата и проверете како изгледаат бамбусовите куќи во Бали. Дали би живееле во таква?