Во некои од последните научнофантастични холивудски филмови ни покажуваат како би изгледале градовите на иднината – автомобилите, патиштата, возовите. Ако се прашувате сепак каква би била јахтата на иднината и тоа не многу далечната, ќе ве израдуваме со пријатен одговор.
Дубајската компанија Kleindienst Group дизајнирала импресивен концепт за јахта, која е различна од сите други. Проектот за неверојатната јахта се нарекува “лебдечко морско коњче” и заработува поени со подводна спална и бања кои нудат спектакуларни погледи на подводните убавини на океанот .
Најопшто кажано јахтата претставува луксузен дом и вклучува целосно опремена кујна со трпезарија и дневна соба . Освен тоа има и палуба, која двои своеј простор , кога стаклената фасада ќе се отвори.
Горното ниво на јахтата има дополнителен простор за спиење, мини бар, кујна и џакузи со стаклено дно . Но, можеби една од најневеројатните карактеристики на лебдечкото морско коњче се стаклените ѕидови, кои даваат подобра перспектива кон околната вода и знаменитости.

Фото: Kleindienst Group
Ако се прашувате зошто јахтата на иднината го носи тоа име, тоа е затоа што компанијата сака да им помогне токму овие морски суштества. “Морското Коњче е загрозен вид и ние ќе создадеме вештачки корални гребени под луксузната јахта, која ќе биде заштитена зона во која морските коњчиња можат безбедно да живеат и да се размножуваат “ , делат од дубајската фирма.
Јахтата на иднината (и тоа сосема скоро) веќе го направи своето деби за време на Dubai International Boat Show и го очекува своето завршување на крајот на 2016 година. Лебдечкото морско коњче ќе биде со ограничено производство – само 42 примероци .
Во нашата галерија може да се види неверојатна јахта со подводна спална.






