Цртањето со кафе веќе не е нечуено, ниту пак невидено.790cacf01f8add7b443bc8abd21cafc7

Многу уметници или едноставно ентузијасти создаваат различни импресивни слики, насликани со кафеавиот пијалок.

Индонезиска сликарка сепак одговара на нов начин кон цртањето со кафе и решава да ги твори сликите на паднатите лисја од дрва.

Таа ги користи своите остатоци од кафе или кажано на друг начин – талогот од својата утринска шолја кафе.

Кога ги објавува своите слики во интернет просторот, сликарката дури става хаштаг “zerowastecoffee”, што во превод од англиски значи – “нула загуба на кафе”. Таа сигурно е голема љубителка на овој пијалок!

Се разбира, Индонезијката слика со кафе и врз други површини, освен лисјата од дрвјата. Често таа твори врз чинии, а интересни слики се добиваат и кога ги користи своите отпечатоци од рака или прст.

Не се двоумете да ја разгледате нашата галерија.