(ГАЛЕРИЈА) Кајкуид: Во зградата на Џон Рокфелер

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Имотот “Кајкуид” има на 14 декари од шумската област во округот Вестчестер, државата Њујорк. Изграден е во 1913 година по нарачка на нафтениот магнат, капиталист и патријарх на семејството Рокфелер – Џон Дејвид Рокфелер. Овој претрупан комплекс бил дом на четири генерации на познатото семејство. Од 1976 година резиденцијата е музеј со национална вредност за САД.040d2928962fa2601f5fef0c34d8e0a2

“Кајкуид” (од холандски “Пази се”) е лоциран на највисоката точка на ридовите Покантико. Од овој своевиден врв погледот тече во близина на реката Хадсон, како и во серијата на облакодери, кои штрчат во Њујорк.

Зградата е една од најпознатите приватни резиденции во САД. Резиденцијата “Пази се” е дизајнирана како трикатна зграда од камен, во која се сместени 40 соби. Проектот е на двајца американски архитекти – Честер Алдрич и Адамс Делано. Џон Рокфелер ја започна неговата изградба деценија по изградбата на “Роклуд хол” – огромен замок, своевидна палата со 204 соби, сопственост на неговиот брат Вилијам Рокфелер.

Изградбата на “Кајкуид” траела шест години поради специфичноста на ентериерот, како и поради сложеното уредување на градините. Резиденцијата е реинкарнација на благородничките палати од Западот, инспирирана од кичести и така тешки форми на уметност, карактеристични за нив самите.

Како што е видливо, резиденцијата има повеќе градини отколку затворени простори. Меѓу нив се “Градината на Венера”, “Пинк градина”, “Градината за читање”. Во близина на надворешниот базен е и “Тераса на портокалови дрвја”.

За влегувањето во раскошното здание има два пристапи. Едниот е за парада, овој за официјални гости и се разбира за фамилијата Рокфелер. Другиот поминува позади, скриен зад дрвјата, и продолжува во сервисен тунел каде се спроведувало снабдувањето со храна и други стоки.

Ако во резиденцијата недостасува некакво средство за погодност, веројатно тоа не постои.Покрај надворешниот базен, во зградата се сместени и скриени олимписки базени. Безбројните градини со фонтани се конкурентни на Версајските градини и оние во Алхамбра …

Куќата за чај, мелницата на реката, галеријата со 120 дела на апстрактната уметност од 70-тите години на минатиот век и што ли уште не.Резиденцијата нема цена.Па, некогаш имала, но сега е дел од националното историско наследство на САД.